Цените на нафтата паднаа за околу пет долари за барел во понеделникот, бидејќи инвеститорите се надеваат на дипломатските напори на Украина и Русија да го прекинат конфликтот.
Американската сурова нафта достигна цена од 103 долари за барел, пренесува Ројтерс.
Украина и Русија преговараат преку видео врска, а преговарачите ги дадоа своите најоптимистички оценки пред тие разговори и по разговорите во текот на викендот, што укажува на тоа дека може да има позитивни резултати за неколку дена.
„Покрај новите разговори меѓу Украина и Русија, претпоставувам дека новиот „локдаун“ поради коронавирусот во Кина се причина за негативниот почеток на неделата за суровата нафта“, рече аналитичарот на УБС Џовани Стауново.
Кина е најголемиот увозник на сурова нафта во светот и втор најголем потрошувач на нафта по САД.






