Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за 3,50, односно три денари по литар.
Ова значи дека во следниот период литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 90 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 92 денари, а Еуродизел за 90 денари.







