Партијата на слободата (FPO), од чии редови е министерот за внатрешни работи, Херберт Кикл, објави повлекувањето на сите свои членови во владата.
Најавата дојде откако австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека ќе му предложи на претседателот на Австрија, разрешување на министерот за внатрешни работи Кикел.
Партијата најави дека доколку Курц сака да го замени Кикл, сите министри на Партијата на слободоата ќе поднесат оставка.
Канцеларот Курц веќе објави дека членовите на владата што ќе се повлечат ќе бидат заменети од експерти или високи државни службеници, кои ќе ги водат тие одделенија до предвремени избори.
Но министерот за внатрешни Кикл одговори дека ќе бара гласање за доверба на владата на Себастијан Курц.





