Доколку сега има избори во Бугарија опозициската ГЕРБ би добила 21,7% од гласовите што е зголемување на рејтингот за 3 проценти.
Иако е еден од најкритикуваните партиски лидери, лидерот на ГЕРБ и екс-премиер Бојко Борисов ја задржува доверба од 19,1 отсто кај полнолетните Бугари, покажува анкета на бугарската „Алфа рисрч“, спроведена од 8 до 14 април.
На второместо е „Продолжува промената“ 18,4%, но со одлив од 6,0 проценти за само два месеци.
Вистинска ерозијата се случува со личниот рејтинг на премиерот Кирил Петков (од 39% на 22,5%), но сепак се уште е најпопуларен меѓу партиските лидери.
Поддршка од 10,2% и трета позиција има БСП – социјалистите ги задржуваат своите поддржувачи од последните парламентарни избори, а лидерот К. Нинова – останува популарна кај 18,3% од Бугарите.
„Преродба“, забележа најсилен раст и достигна 9,4%. Позитивна е и динамиката во личниот рејтинг на нивниот лидер К. Костадинов (17,3%).
ДПС ја доби вообичаената поддршка од 7,6 отсто за неизборниот период, а лидерот М. Карадај има 9,4 отсто доверба кај гласачите во земјава.
Демократска Бугарија , ја стабилизираа својата поддршка на 6,7%, …
Има такоб народ е другиот коалициски партнер кој трпи значителни негативи.
Поддршката за ИТН падна на 4,5% , а лидерот Слави Трифонов ужива поддршка од 13,5 отсто кај Бугарите.







