Статистичките податоци покажуваат дека индустриското производство е намалено за близу пет отсто.
Намалувањето е за 4,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година. Како што објави Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, има пораст од 2,5 тсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 9,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20,5 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 104.7.






