Паѓа домашниот бруто производ, извозот…

Бруто домашниот производ за вториот квартал изнесува -12,7%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, како резултат на намалената економска активност предизвикана од здравствената криза.



Извозот е во надолна линија во второто тримесечје годинава и опадна за 31,3%, а увозот бележи пад од 29,6 проценти.