Паѓа цената на парното греење

Претсеадателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, соопшти дека новата цена на парното ќе биде намалена.



„Оние потрошувачи кои се приклучени на системот за топлинска енергија во сопственост на БЕК, ќе им се намали сметката за енергија за 4,35%“, вели Бислимовски според кој цената на испорачана топлинска енергија е „историски најниска“.

Се намалува и цената и кај ЕСМ енергетика иако бараше најголемо поскапување на сметките.

„Кај останатите компании ЕСМ енергетика, цената за топлинска енергија ја намаливме за 0,57%. Во самото барање на оваа компанија, очигледно е дека имаше ненамерни технички пропусти. Во наредниот период оваа компанија треба да постави соодветни мерачи на своите производни капацитети.

Во најмалата мрежа во Скопје Север која снабдува 501 потрошувач, тука имаме сериозен тренд на намалување на потрошувачите, цената за топлинска енергија се намалува за 1,25%“, рече Бислимовски.