Паднал плафон на објект на АРМ, среќа немало војници (ВИДЕО)

Полковникот Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ на својата фан -страница на Фејсбук објави скандалозно видео, во кое се гледа како се урива таванот во војничкиот ресторан, кој бил реновиран, а за тоа Министерството за одбрана платило милиони народни пари.



“Во изминативе години, министерот Шекеринска во континуитет се промовира дека успеала да реновира одредени армиски објекти. Но, дали тоа површно реновирање е со цел подобрување на условите за работа на вработените или пак целта е друга и можеби народните пари завршуваат и на друго место. Еве да видиме дали и како е реновиран еден војнички ресторан во една од македонските касарни.
Гледајте го таванот во видеото (до крај) и видете дали ова наликува на место каде треба да се хранат војниците и старешините на “нашата” Армија. Да, во овој ресторан се хранат војници кои власта ги повикува секогаш кога ќе и’ загусти со пожари, поплави, мигрантски кризи итн.
Замислете во тој момент војничкиот ресторан да бил полн со војници.
…Само да потсетам, Шекеринска е 5 (петта) година министер за одбрана, а за реновирање на објектите потроши милиони евра народни пари”, стои во објавата на Ковачки.

Видеото на овој линк

https://fb.watch/7PtMP7JzOp/