„Паднаа маските“ и во градинките: Укинати ковид-протоколите во предучилишните установи

Владата на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.



Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од Ковид-19 во предучилишните установи престануваат да важат.

Повеќе детали околу тоа како ќе се врати работата на градинките во „нормала“ не беа објавени.