Последната одлука на министерот за правда Кренар Лога за составот на работната група која треба да го решава проблемот со нефункционалноста и партиската заслепенот на моќниот Судски совет го покрена прашањето дали македонците паднаа под 40 % во сега најважното владино тело каде Албанците сега се 50 насто.
Со цел надминување на слабостите наведени во Извештајот на Европската комисија за досегашната работа на Судскиот совет, а во рамки на надлежностите на Министерството за правда за изготвување на законите во оваа област, формирана е работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот совет, со претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор.
Со работната група претседава Академик Владо Камбовски, член на Македонската академија на науките и уметностите и во неа ќе учестуваат:
– Маргарита Цаца – Николовска, – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур
– д-р Бајрам Положани, поранешен судија на Уставниот суд и професор по уставно право,
– Бранко Наумовски, поранешен претседател на Уставниот суд;
– Сали Мурати, поранешен претседател на Уставниот суд
– Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
– Јелена Кадриќ, претставник од Институтот за човекови права
– Ивана Петковска, претставник од Коалиција Сите за правично судење
– Џемали Саити, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија;
– д-р Денис Прешова, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје;
– д-р Ана Павловска – Данева, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје;
– Ѓорѓи Радојков, поранешен судија
– Ивица Николовски, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија
– д-р Јетон Шасивари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа;
– д-р Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа;
– Шпенд Деваја – судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија;
Простата математика вели дека со 8 Албанци оваа заедница има 50 проценти од членовите.
Доколку сите останати се Македонци тоа значи дека односот би бил 50:50 што исто така не е логично ниту праведно.
Но ситуацијата е уште понелогична ако некој од 8те неаалбанци се декларира на пример како Влав/Влаинка, Србин/Србинка или нешто друго што е лично и гарантирано право на членовите на телото со што реално бројот на Македонците ќе се намали на 6 од 15 или нешто под 40 насто.
Доколку меѓу останатите 6 има уште некој што се декларира за припадник на друга немакедонска заедница соодносот за македонците е уште полош.
Paботната група во својата работа ќе повикува и претставници од сите релеванти органи од областа на правосудство.






