Веб страницата на македонското Собрание попладнево не е функционална.
Доколку се обидете да ја отворите страницата по подолго чекање ќе добиете објаснување дека предолго се чека и таа не е достапна.
Дали се работи за сајбер напади на македонскиот законодавен дом или за друг технички проблем засега нема објаснување од собраниските служби.

Инцидентот се случува откако минатата недела беше објавено видео од кое се слуша како спикерот на Собранието гпцуе и навредува членови на собраниските служби кои ја проверувале пленарната сала по хаосот во кој Џафери го прекрши деловникот.
Ова не е прв случај на нефункционални страници на македонски институции.
Што поточно се случува во Собранието?
Собранието ги откажа сите утрешни активности, не е проблем само веб страната






