Советот на општина Карпош со 17 гласа против, без ниту еден за и без воздржани вчеране го изгласа Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт Ј03, блок 02, општина Карпош Скопје.
„Падна првиот ДУП во општина Карпош. Со 17 гласа против, без ниту еден за и без воздржани денеска Советот на општина Карпош не го изгласа ДУП-от за Градска четврт Ј03, блок 02, општина Карпош Скопје. Жалам што нема да видите снимка од 33-тата седница на Советот на општина Карпош. Градоначалникот ги повлече сите служби од седницата. Толку од демократијата и поимањето што е тоа демократија“, напиша на фејсбук советникот Роберт Вељановски.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски го повлече ДУП-от од дневен ред, советниците го вратија, но и тоа не беше доволно да се смират незадоволните граѓани.
Медиуми јавуваат дека седницата поминала во тензична и мачна атмосфера.
Граѓаните од скопската населба Козле се против усвојувањето на овој план, кој се однесува на просторот од детското игралиште во Козле до дирекцијата на Реплек, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.
Тие се загрижени дека со изградбата на пет згради и планираната сервисна улица ќе се уништи зелениот појас во наслебата во кој има дрворед, фонтана и игралиште.







