Падна словачката влада поради тајно купување вакцини

Премиерот на Словачка Игор Матовиќ и неговата влада во вторникот поднесоа оставка за да ја олеснат политичката криза предизвикана од тајниот договор за купување на руска вакцина Спутник V.



Тоа е првата европска влада што паѓа заради справување со пандемијата, но овој потег ќе ја задржи сегашната четирипартиска коалиција на власт и ќе избегне можност за предвремени избори. Коалицијата има удобно парламентарно мнозинство.

Претседателката Зузана Капутова ја прифати оставката на премиерот и побара од Едуард Хегер од партијата Обични луѓе на Матовиќ да формира нова влада.

До криза во словачката влада дојде откако на почетокот на март беше обелоденето дека преку таен договор владата договорила да набави 2 милиони дози од руската вакцина „Спутник V, за што не биле известени коалиционите партнери на Матович, па под притисок тој прифати да даде оставка од премиер.

Досега во Словачка се регистрирани над 359 илјади случаи на ковид-19, од кои 9 624 починаа. Во моментов имаа околу 95 илјади активни случаи.