Падна руски авион со 65 украински заробеници!?

Руски воен транспортен авион „Иљушин Ил-76“ се урна денеска во близина на украинската граница, а државната новинска агенција РИА го цитираше Министерството за одбрана дека превезува 65 украински воени заробеници кои треба да бидат разменети за руски заробеници.



Авионот превезувал 74 лица, вклучувајќи шест членови на екипажот и тројца чувари кога се урнал, соопшти РИА, цитирајки го од Министерството за одбрана.

Засега нема информации за причината, пренесе Ројтерс. 

Андреј Картаполов, пратеник во рускиот парламент и пензиониран генерал, за време на парламентарна седница изјави дека авионот бил соборен со три проектили.
Тој не кажа кој е изворот на неговата информација.