Падна ограда на мост во Тетово

Една од страните на последниот мост на река Пена во Тетово на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ познат како Индустриска улица остана без ограда објави ФАКТОР.



Случајот го пријавиле граѓани од блискиот станбен комплекс на згради Блок 70 кога забележале дека е падната оградата, а алармирани се пожарната и полицијата.

Ука Алити, командантпт на тетовската пожарна служба, информираше дека повикот е примен околу 18 часот и дека интервенирано е веднаш со поставување на дрвени палети и ленти со цел да се ограничи движењето кон границите на мостот и да се избегне опасност од паѓање во реката.

Граѓаните се жалат дека оваа ограда веќе подолго време била нестабилна и се нишала објави ФАКТОР.