По целодневна дискусија, собранието на Косово синоќа ѝ изгласа недоверба на владата на Албин Курти: 82 пратеници, од 117 присутни во моментот на гласањето гласаа за недоверба 32 против, а еден беше .
Курти беше официјално на власт само 51 дена, а од денес е в.д. премиер.
Причина за разрешување беа неукинувањето на данокот на стока од Србија и БиХ без воведување „реципроцитет“ што ги пооремети односите со Соединетите држави, како и отстранување на Агим Вељиу од функцијата министер за внатрешни работи и јавна администрација.
Премиерот на Косово Аљбин Курти, пред гласањето, изрази жалење дека одлуката за изгласување недоверба на влада „не била донесена на Косово, туку надвор од него“.
Курти оцени дека специјалниот претставник на американскиот претседател за дијалогот на Приштина и Белград Ричард Гренел имал големо влијание врз ситуацијата.




