Францускиот премиер Едуард Филип денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата најавена од претседателот Емануел Макрон со цел зајакнување на „позелените“ економски политики и привлекување гласачи пред неговата евентуално нова кандидатура за шеф на државата.
Заминувањето на Филип се очекува да го олесни патот за реконструкција на владата, објави „Еуроњуз“.
Премиерот во оставка ќе продолжи да ја предводи владата сè додека не биде назначен новиот кабинет, објави Елисејската палата.
Филип (49) е премиер на Франција од 15 мај 2017 година.
Добро информирани кругови во Париз тврдат дека Филип имал амбиции да се кандидира на следните претседателски избори.




