Во размената на директорски позиции меѓу ДУИ и Алијанса во владата настрада директорка од ДУИ која се поврзуваше со скандалот во кој вработен во фирма на братот на Артан Груби отворил фирма за баждарење на апарати за точење гориво на бензинско пумпи, бизнис вреден милиони.
Според медиуми на албански јазик Абдулселам Селами, заменик директор на Управата за јавни приходи од редовите на ДУИ, ја напушта оваа функција да раководи со друга институција.
Како што дознава Клан Македонија, Селами ќе раководи со Бирото за метрологија, кое досега го водеше Мерита Мустафаи, од истата партија.
Засега нема најава дека Мустафаи ќе добие нова функција.
Местото на Абдулселам Селам во УЈП се очекува да го пополнат членовите на Алијансата за Албанците, кои оваа функција ја добија по договорот за влез во владиното мнозинство.
Сега наместо Абдил Селам Селами, кој е директор на Бирото за метрологија, за заменик директор на УЈП е назначен Тахир Беџети од АА.






