Падна црногорска влада

Парламентот на Црна Гора му изгласа недоверба на кабинетот на премиерот Здравко Кривокапиќ и со тоа го отвори патот за преговори за формирање нова влада во Подгорица.



За уривање на Владата гласаа 43 пратеници на опозицијата и пратеничкиот клуб „Црно на бело“, против беа 11 пратеници.

Пред гласањето, пратениците на Демократскиот фронт (ДФ), Движењето за промени (ПзП) и Социјалистичката народна партија (СНП) ја напуштија пленарната сала.

Гласањето за доверба во парламентот дојде по повеќемесечни политички тензии во земјата. Владата на Кривокапиќ започна со големи ветувања за реформи, но и покрај најавата на Кривокапиќ дека Црна Гора „ќе стане 28. земја членка на ЕУ“, големи реформи не беа спроведени.