Владата на премиеротѕ Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание.



За недоверба изгласаа 123 пратеници, против 116. Воздржани немаше.

Пратениците од „Има таков народ“, „Преродба“, ДПС и ГЕРБ го урнаа кабинетот на Кирил Петков.

Гласањето го иницираше ГЕРБ, а мотивите за гласањето се неуспех на финансиската и економската политика.

Така, владата отслужи мандат од само 7 месеци.

„За мене беше чест да водам влада која беше соборена од господинот Пеевски, господинот Борисов, Слави Трифонов и г-ѓа Митрофанова, изјави Кирил Петков по гласањето. Ќе продолжиме и еден ден ќе ја имаме Бугарија без мафија, без гушење – успешна, европска земја. Благодарам“, рече сега вече екс-премиерот Кирил Петков по гласањето.