Пад од речиси 100 отсто на бројот на патници во авиосообраќајот во вториот квартал

Бројот на патници во авионскиот сообраќај во Македонија во вториот квартал годинава во однос на минатата е намален за речиси сто проценти, што се должи на ограничувањата заради спречување на ширењето на коронавирусот.



Од 1 април до 1 јули биле превезени со авион само 2.738 патници, во споредба со 602.715 во истиот период лани, според Евростат.

За споредба, во Србија во првото тримесечие со авион се превезени 94 отсто помалку патници од истиот период минатата година.

Значителен пад е забележан и во првиот квартал, кога бројот на патници во авионскиот сообраќај изнесувал 373.117, што е за 16 отсто помалку од првите три месеца лани, кога биле превезени 454.107 патници.