Косовскиот министер за надворешни работи и мултимилионер, Беџет Пацоли, неодамна испратил својот човек во Конго со 500.000 долари со цел да ја „убеди” новата влада да го признае Косово, изјави шефот на српската дипломатија за „Вечерњи новости”.



Министерот за надворешни Ивица Дачиќ, во последните десет дена посети седум земји на африканскиот континент, бидејќи Конго не била единствената адреса каде Пацоли ги испратил своите „пратеници”.

Според Ивица Дачиќ, на почетокот на мај, Пацоли објави дека Конго „наскоро ќе го признае Косово”, но во Белград стигнала нота од амбасадата на таа држава во која такви наводи се демантирани, потсетува весникот.

Дополнителна потврда дека Конго нема да ја промени својата позиција Дачиќ минатиот викенд добил лично од новиот претседател на Конго, Феликс Чизекеди.