Министерот за надворешни работи на Косово ги отфрла сценаријата за можна поделба на Косово и договор за некаква размена на територии со Србија.
Во интервју за Гласот на Америка, Беџет Пацоли вели дека „има многу други прашања кои треба да се решат со Србија“, пред воопшто на преговарачка маса да биде поставено прашање за размена на територии.
Интервјуто доаѓа во момент кога одново се проширија шпекулациите дека една од можните разврски на српско-косовските односи би била поделба на Косово при што северот, каде шшто живее мнозинско српско население, би припаднал на Србија, а н сметка на Тоа Прешевската долина би се припоила на Косово.
За поделба на Косово, наводно се „договориле“ и претседателите Доначлд Трамп и Владимир Путин на последната средба во Хелсинки.
За можна поделба говореше и Стево Пендаровски, нционален координатор за НАТО, кој во интервју за МКД.МК. деновиве предупреди дека во таков случај тој не може да претпостави како ќе се однесуваат Албанците во Македонија.
„Сите знаат дека ако се оди на поделба на Косово, најголема или прва колатерална штета ќе биде Македонија, поради албанскиот фактор, чија бројка во Македонија е значајна и, ако северот на Косово во такви некакви планови се припои кон Србија, јас не можам да видам како албанскиот фактор во Македонија не би го поставил повторно прашањето на границите на Македонија“ рече Пендаровски.
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, одби да одговори на новинарско прашањето дали САД прифаќаат и поделба на Косово и размена на територии, како конечно решение на косовско-српскиот спор.
„Такво нешто не е расправано, но никој нема црвени линии во овој процес“, рече Дачиќ.





