Стружанка која имала медицинска интервенција и лежела во струшката болница прави индиректна паралела меѓу случајот Софијанова во кој беше откриено дека директорка на клиника во Скопје земала огромни пари за дежурства на кои според новинарот не одела и многуте македонски лекари и медицински персонал кои без надокнада и во тешки услови се грижат за своите пациенти.
,,Хирургот кој ме оперираше, со години СЕКОЈ ДЕН, буквално СЕКОЈ ДЕН, околу 21-22 час. оди во болница да ги посети сите пациенти, без обѕир дали бил на работа дента, која смена бил, дали е празник…. Дали знаете колкава му е платата? Дали знаете дека тоа го прави од љубов кон професијата, затоа што е пожртвуван, посветен на работата.
Сигурна сум дека има многу,многу вакви лекари….
И НЕ КРАДАТ !!!”, пишува пациентката која пред 3 години објавила статус за тоа што и се случило во струшката болница додека лежела таму.
,,МИ СЕ СЛУЧИ ВО ХИРУРШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО БОЛНИЦАТА ВО СТРУГА….
Пред неколку години имав не така лесна операција во хируршкото одделение во болницата во Струга. Болницата стара, престара. Инвентарот, чаршафите, ќебињата… исто така стари. Стари но чисти и уредни.
Лекарскиот персонал, од хигиеничарите до врвните хирурзи, професионален и љубезен. Секој од нив застанува до вас да ве праша како сте, да праша дали нешто ви е потребно. Хирург застанува до мене, се труди да ме орасположи, разговара со мене за музика и филм за да не мислам на болките и стравот. Цела ноќ после операцијата кога и да отворев очи го гледав ликот на сестрата која бдееше над мене.
„Како е можно тоа ?“, се прашував. И кога се зазори, ми беше многу топло. Погледнав и ја видов сестрата како дреме во фотелјата до мене. Не ја разбудив. Ништо не побарав.„ Ќе трпам“, си реков. Ја оставив малку да се одмори.
Сите се грижеа за мене. Дури и кога им реков дека можам сама да одам, тие не ми дозволија. Две сестри постојано ме пратеа и покрај моето инсистирање дека можам сама….
Не пишував могу за врвната способност на струшките хирурзи и анестезиолози бидејќи тоа е познато не само во Сруга туку и многу пошироко.
Сакав да ја истакнам нивната човечност која блика од нивните очи, од начинот на кој ти пристапуваат, те бодрат и разговараат со тебе. Ова го нема ниту во приватните болници”, пишува граѓанката која по случајот Софијанова се обидува да укаже дека најголем дел од лекарите и медицинскиот персонал се хумани луѓе кои својата професија за вршат од љубов кон пациентите а не за пари или моќ.






