Лице со една од формите на канцер ,,Хочкинс лимфома” не е пожелен на јавна расправа каде дошол да апелира владата да преземе нешто за побрзо носење на промени во законодавство со кое ќе се решат или ублажат проблемите на илјадници пациенти кои спасот го бараат и го добиваат во препарати и лекови од марихуана.
Филип Достоевски кој од негови 15 години се лечи со помош на марихуана преку невладина организација која се вика “Зелена Алтернатива“ учествувал и во подготовка на законот со кој се легализираше маслото од канабис за медицинска употреба.
Сега Достовски реагира што владата за промени во законот ги прашува компаниите кои произведуваат но не и пациентите.
,,Министерство за здравство организирало “јавна” расправа и поканало само компании, а медиуми биле избркани од расправата и не им било дозволено да снимаат”, објави генералната секретарка на Левица Јована Мојсоска која обзнанува и видео од настапот на Филип Достовски во кое тој забележува дека „Фирмите за загрозени со пари, ние сме загрозени со здравје.”
Видеото од расправата на која тој според организаторите не смее да присуствува но сепак Достовски ги искажува своите ставови.
Министерство за здравство организирало "јавна" расправа и поканало само компании, а медиуми беa избркани од расправата и не им беше дозволено да снимаат.
Филип Достовски 👉„Фирмите за загрозени со пари, ние сме загрозени со здравје." pic.twitter.com/LiZmGZAkga
— Мојсоска (@Mojsoskata) December 14, 2021






