Пациент до Меџити: Јас барам лек од кој животот ми зависи – министерот вели дека правам шоу

Пациент болен од Цистична фиброза побара извинување од министерот за здравство Фатмир Меџити за изјавата дека правел шоу кога бараше лек „трикафта“.



Игор Пехчевски, бара министерот јавно да се извини, а лекот да биде донесен веднаш, пренесе Макфакс.

„Го слушам и гледам министерот за здравство. Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи како доктор и министер за здравство да каже за мене дека со барањето на лек правам шоу во јавноста на телевизија. Барам од вас јавно извинување.

И главното: Донесете го лекот ‘трикафта’ сега и веднаш, а не за неколку месеци како што кажувате во вашите изјави.

Ќе има лек „трикафта“ за 42 пациенти до крајот на годината

Министерот за здравство, Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ не признава дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза.