Трошоците растат, сметките стануваат стануваат се повисоки, а живеачката се потешка. Овошјето и зеленчукот станаа луксуз за граѓаните, посебно бостанот – па така, за една диња или лубеница треба да платите над 200 денари. Ако претходните години, лубеницата се продаваше по 15 денари за килограм, годинава надмина 40 денари. Не се евтини ниту праските, кајсиите, црешите. Иако инфлацијата падна на 8,4%, во пракса граѓаните тоа никако да го почувствуваат. Граѓаните се жалат дека едвај крпат крај со крај, зашто цените на производите биле високи како никогаш до сега.

И државната статистика покажа дека за една година, храната поскапела за 12%. Најголем пораст има кај зеленчукот од 21,5%, кај овошјето од 17,7%. Поркај храната, поскапело буквално се – струјата, горивото, потоа кафето во кафетерија, па дури и паркинг услугите. Се пожалија дека трошоците за живот пораснале за неколку пати, што значи дека денес платата ни вреди помалку за разлика од лани.
За да се ублажи ценовниот шок, од ССМ алармираат дека под итно ни треба зголемување на платите, зашто се живо е поскапено. Ако не се случи тоа, ќе продолжи трендот на осиромашување на граѓаните.

За да се истурка месецот, на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари, пари за задоволување на минималната синдикална кошница, пресмета ССМ. Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје. Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари.
И додека кај нас високите цени на храната и енергенсите силно удираат по џебот на граѓаните, нема никакви мерки за колку толку да се ублажи ценовниот шок, па така земјава и натаму останува меѓу лидерите по сиромаштија и иселувања на населението. Во регионот од нас е полоша само Србија, а Албанија е далеку подобра од нас, каде во јули инфлацијата изнесувала само 4,2%.





