Високи претставници на ЕУ ќе го посетат прифатниот центар за авганистанските бегалци кои работеа за земји членки на унијата, а кој се наоѓа во Шпанија.



За потсетување, македонските власти соопштија дека авганистанските државјани нема да бидат сместувани во кампови, прифатмни центри…

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес рече дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во сабота ќе го посетат центарот заедно со премиерот на Шпанија Педро Санчез, пренесува Радио слободна Европа.

Ројтерс претходно јави дека официјален Мадрид планира да обезбеди авионски превоз за околу 500 луѓе, вклучително и персонал на шпанската амбасада и Авганистанци кои работеа со нив и нивните семејства од Кабул.

Прифатниот центар се наоѓа во воена база и од него бегалците од Авганистан кои работеле за инситуциите на Европската унија ќе бидат пратени во други земји членки. Во него може да се сместат околу 1.000 луѓе, а како што рече министерот, тој преставува логистички центар на ЕУ бидејќи сите Авганистанци кои работеле за различните институции на ЕУ ќе поминат низ него, пренесува РСЕ.

Шпанската влада во понеделникот објави дека Шпанија се согласила да биде влезна точка за во ЕУ за авганистанските бегалци.