Треба да се дејствува апсолутно решително во однос на с Македонија – доколку направиме компромис, одрекуваме дека Самоил е бугарски цар“, изјави археологот професор Николај Овчаров за бугарската агенција „Фокус“.
Тој смета дека не треба да се блокира Македонија, туку таа да ги прифати фактите дека до 1944-та двете замји имаат заедничка историја а јазикот почива врз бугарски дијалект.
Ако се направи компромис, вели Овчаров, тоа ќе значи дека „самите одрекуваме дека Самоил сам се нарекол бугарски цар, дека браќата Миладинови не пишувале бугарски туку македонски песни“ пренесува Фокус.
Да не ги заборавиме иладниците луѓе кои загинаа веднаш по Втората светска војна во логорите на Тито само затоа што се нарекувале Бугари. Ако направиме компромис, значи дека ќе го осквернавиме споменот на нив“ вели археологот.
Тој вели дека не само што има напишано книги туку и дека одбранил докторска дисертација за прашањето на Вардарска Македонија низ средниот век.
„Можам да кажам дека вој момент одамна го чекавме….Требаше да настапи решителниот момент кога ние Бугарите ќе кажеме за што станува збор и јасно и точно да ги објавиме претензиите над нашата сопствена историја, која е одземена“, вели Овчаров.
Археолот Овчаров, инаку е познат и по други „откритија“:





