Бугарскиот археолог Николај Овчаров смета дека Бугарија мора да отстои на своите позиции во однос на Македонија, бидејќи во спротивно децата ќе им учеле дека Самоил е македонски цар.
„Многу пати сум рекол дека Бугарија нема каде да отстапува повеќе, зошто ние не можеме да ги предадеме својот јазик и својата историја. Ако направиме компромис со Северна Македонија значи дека во учебниците на нашите деца ќе пишува оти Самоил е македонски цар, или, пак, браќата Миладинови пишуваат македонски песни и книги. Комрпомисот треба да дојде од Северна Македонија“, изјави Овчаров за Блумберг ТВ Бугарија.





