Кибуцот Кфар Аза во јужен Израел беше место на голем масакр во првите неколку дена од војната. Во напад на Хамас за време на викендот, таму беа убиени жени, деца, бебиња и постари лица.
Кибуцот е почеток на она што би можело да следи, пишува Би-Би-Си. Новинска екипа на Би-Би-Си влезе во селото каде што се случи масакрот за време на викендот.
До утрово се уште траеја борбите во кибуцот, една од израелските заедници долж границата со Газа. Затоа дури сега ги собираат телата на неговите израелски жители кои беа убиени кога Хамас ја проби граничната ограда од Газа во саботата рано наутро.
Војниците кои поголемиот дел од денот го поминаа во урнатините извлекувајќи ги телата на цивилите изјавија дека се случил масакр. Се чини веројатно дека повеќето од убиствата се случиле во раните утрински часови на нападот во саботата.
„На израелската армија, фатена од стража, ѝ беа потребни 12 часа да стигне до кибуцот“, изјави за Би-Би-Си Давид Бен Зион, заменик командант на единицата 71, искусен тим од падобранци кои го предводеа нападот.
„Фала му на Бога што спасивме многу животи на многу родители и деца“, рече тој. „За жал, некои беа запалени со молотови коктели. Тие се многу агресивни, како животни“, додаде Бен Зион.
Бен Зион рече дека вооружените лица на Хамас кои убиваа семејства, вклучително и бебиња, се „џихад-машина за убивање невооружени цивили. Тие беа нормални граѓани кои сакаа да го јадат својот појадок и тоа е се“, рече тој. Тој додаде дека некои од жртвите биле обезглавени .
„Ги убиле и им ги отсекле главите, тоа е ужасно да се види… Мора да се потсетиме кој е непријателот и која е нашата мисија… Ние сме за вистината и за вистинската страна, светот треба да бидете со нас“, рече Бен Зион.






