Ова „Брима“ не е на Галуп, туку е основана од бугарски социолог, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Опозоициската партија ВМРО-ДПМНЕ експресно реагираше на анкетата на агенцијата „Брима ДОО“ објавена денеска која предвидува победа ан СДСМ на претстојните локални избори и повисок рејтинг на премиерот Зоран Заев – квалификувајќи ја дека е фингирана и нарачана за да го смири разочараното членство на таа партија.



Но, според партијата, она што е симптоматично е Агенцијатакоја ја спровела анкетата и која не е енпозната во Македонија.

Агенцијата „Брима ДОО“ не е познатата агенција „Брима Галуп“, туку е фирма од Македонија основана од основана од бугарскиот социолог Андреј Рајчев, а која спроведува анкети во континуитет по нарачки на премиерот Зоран Заев и преку медиуми блиски до власта, реагираше опозициската партија.

„На јавноста добро ѝ е познато кој стои позади оваа агенција, главниот идеолог за отворање на бугарски универзитет во Македонија, Андреј Рајчев. А, зошто Бугарите форсираат дека Зоран Заев наводно ќе победи размислете сами“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по објавената анкета на „Брима“.

Од партијата прашуваат дали агенцијата „Брима“ изминатава година има земено над 120.000 евра од Владата на Зоран Заев за изготвување анкети кои ќе ја покажуваат розевата слика во Македонија?

„Зоран Заев соочен со целосен раскол и одбивањето на партиските организации да ги прифати кандидатите за градоначалници на Зоран и Вице, мора да пушта анкети на кои ќе се преставува како победник. Единствена цел на оваа фингирана анкета на Брима е тешење на разочараното членство на СДСМ. Вистинската анкета за Зоран Заев и СДСМ ќе биде на 17 октомври, кога ќе го доживее најубедливиот пораз, токму од граѓаните“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.