ОУ „Киро Глигоров“ нема да се изнајми на приватна гимназија!

По написите дека дел од просториите во ОУ „Киро Глигоров“ кое се наоѓа во населбата Капиштец, ќе бидат изнајмени на приватна гимназија, реагираше градоначалникот на Оптина Центар, Саша Богдановиќ“:



„Ставот на Општина Центар во однос на приватната гимназија во ООУ ‘Киро Глигоров’ е дека не треба да има мешање на децата. Овде изградивме ново, модерно, современо основно училиште, кое треба да биде пример, а не пречка во образовниот процес. Приватно средно образование во основно училиште нема да дозволиме“, напиша градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на Фејсбук.

Богдановиќ, по објавата на веста на порталот СДК, првично рече дека не е во негова надлежност да одлучува.