Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, на својот Фејсбук профил објави информација за свеченото отворање на новат џамија во скопско Нерези.
На свеченото отворање освен градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Според извори во општина Карпош која ја води Јакимовски и Катастарот овој објект нема дозвола за градба и соодветна документација која овозможува објектот да биде пуштен во употреба.
Јакимовски е дел од групата на скопската градоначалничка Данела Арсовска која е во коалиција со ГРОМ и ДУИ во град Скопје.
На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница, како и претставници на црквата Свети Пантелејмон.
„Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски.
За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон“, меѓудругото, напиша Меџити на Фејсбук.






