Клиниката за кожни болести денеска повторно ќе биде отворена, откако пред три недели беше затворена превентивно поради директорката вратена од скијање од Италија со симптоми на корона вирус цела недела одела на работа.
Разрешената директорка Нина Цаца Биљановска, која, според Фокус се уште е хоспитализирана во Инфективната клиника, наместо во самоизолација по враќањето одела на работа, се заканувала на колегите да не ја пријавуваат дека не ги почитува пропишаните мерки за самоизолација, а ден пред да биде тестирана позитивна на коронавирус, одржала предавање пред 103 доктори на Симпозиум во Скопје.
ТВо последниве неколку денови, дел од нив се тестирани, а досега само шест се позитивни на корона вирусот.






