Обвинител од Гостивар ја води истрагата за сообраќаката на „Стража“, во која учествувал и осуденикот за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец.
Според МВР, како што објавува МКД.МК, Кичеец возел џип мерцедес и со него биле и двајца српски државјани, кои се тешко повредени.
Во несреќата учествувале уште две возила, а од сударот загина 34-годишен жител на Гостивар.
Во несреќата тешко се повредени уште четворица, а Кичеец и уште двајца се полесно повредени.
Несреќата се случила вчера попладне на превојот Стража, во близина на Ново Село.
Затворската управа потврди дека Зоран Милески Кичеец е пуштен на медицинско отсуство од затворот во Струга, каде што ја издржува 3-годишната затворска казна откако призна вина во случајот „Рекет“.
Медицинското отсуство му ваќело од 8-ми септември.







