Отворена истрага за паралелниот увоз на лекови


Денеска Министерството за внатрешни работи влезе во веледрогеријата Пановски по наредба од Јавното обвинителството
за гонење на организиран криминал и корупција.



Истрагата е насочена кон паралелниот увоз на лекови, а се опфатени и други веледрогерии кои се увозници на лекови.

Обвинителството за гонење на организиран криминал кое е надлежно за случајов, проверува дали се увезувани фалсификувани лекови кои се дистрибуирале во јавното здравство, особено од Турција.

Надлежните појаснуваат дека ова е предистрага која е започната пред повеќе од една година, а активностите кои ги презема полицијата се по нивна наредба.

„Имаме разбирање дека темата за „паралелен увоз“ веќе со години на периоди ја бранува јавноста и затоа сметаме дека треба конечно да се стави крај на сите дилеми поврзани со законитоста на набавките и квалитетот на лековите“ велат од веледрогеријата Д-Р Пановски. .