Отворен предметот против внукот на Али Ахмети, Дрин

Отворен е предмет со кој треба да се доиспита како двете фирми на младиот Ахмети пред година и половина се офајдиле со пет милиони денари од Фондот за иновации.



Друга финансиска поддршка од државни институции не добиле, но во овој случај треба да се истражи.

Владата да ја преиспита целата работа на Фондот затоа што постои, како што вели, основано сомневање дека за несовесно и противзаконско работење на сите негови органи.– Јас лично се прашувам како во овој случај не реагирал Управниот одбор кој го следи работењето на Фондот и како Комитетот за одобрување на инвестиции дал одобрение повикувајќи се на една општа одредба во правилникот каде штуро на едно место се предвидени промени без да се прецизира какви промени, и кој ќе врши надзор – вели Бајрами.До сега од буџетот на Фондот се исплатени вкупно 35 илјади евра, а при тоа не е направена ниту една контрола од институцијата за да се изврши проверка како се потрошени нивните пари, посочува Бајрами повикувајќи се на документи добиени од ФИТР. Според него спорно е што поголемиот дел од предвидениот буџетот за проекти на Фондот за иновации е доделен само на овие две компании.