Регионалниот проект ,,Отворен Балкан” се претвори во ,,Метеж на Табановце” откако граѓани попладнево јавуваат за долг застој за влез во Македонија од српска страна.
Според возачи кои доаѓаат кон Македонија на граничниот премин Табановце за влез во Македонија се чекало и повеќе од 100 минути.
На сите ленти од граничниот премин кон Македонија попладнево имало километарски колони кои предизвикуваат огромна нервоза кај патниците.
Метежот не можел да го спречи ни едношалтерскиот систем кој не помага за побрзо минување на границата.
Засега не се знае кој е виновен за застојот долг со часови.






