Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска и утре во Тирана ќе има интензивни работни средба за детална координација со цел заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото.
„На средбата на работните групи ќе се дефинира и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, како и отстранување на работните дозволи“, информираат од Владата.







