Отвора ли СДСМ “Прва нова” фабрика што веќе била отворена во 2016 година

Како што премиерот Заев имал две “први љубови” во Србија и во Дојран така и неговите функционерски кадри најавуваат две први инвестиции во еден сектор.



Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески најави дека во земјава ќе биде отворена првата фабрика за чипс.

„Сакам да испратам една охрабрувачка порака, дека економијата полека се враќа во нормалнет тек. Сепак, се зависи од случувањата на светско ниво поради пандемијата. Покажавме отпорност како економија и мислам дека сме на добар пат. Има доста заинтересирани инвеститори, нашата држава е препознаена како добро подрачје за инвестиции кое нуди многу поволности. Во тек се неколку инвестиции, но имаме контакти и со неколку компании за кои е извесно дека ќе инвестираат. Може да најавам нова фабрика за чипс која ќе биде прва и единствена во нашата држава, друга во Битола ќе инвестира пет милиони евра во проширување на своите капацитети со над 100 нови вработувања, ќе го развиваат својот центар за истражувања и развој“, истакна директорот откако претходно соопшти дека македонските компании може да се пријавата за наградите „go global“ на Меѓунардониот трговски совет.
Иако имаше црни сценарија, минатата година, посочи Павлески, заврши со 206 милиони евра странски инвестиции. Тоа е за околу 15 отсто повеќе во споредба со 2017 година.

Но, на социјалните мрежи се појавија реакции дека фабриката за чипс што ја најавува Павлески не е прва во земјава, како што вели тој.

Божидар Божиновски напиша дека во Битола веќе 4 до 5 години постои таква фабрика.

„Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Павлески најави дека ќе се отвара првата фабрика за чипс во Македонија. Ако директорот е толку неписмен да не знае дека веќе 4-5 години има фабрика за чипс во Битола, што останува за другите“, реагираше Божиновски на својот фејсбук профил, пренесува фактор.мк

Како што покажуваат пребарувачите, во 2016 година во битолското село Кравари била пуштена во работа фабриката за производство на чипс, браундфилд инвестиција на Горданчо Мирчевски, повратник од Австралија.

„Инвестицијата се проценува на околу 3 милиони евра, а во неколку години е планирано да се вработат околу 100 лица. Ова ќе биде прво македонско производство на чипс од свеж компир и ќе значи индиректни работни места, соработка со домашни фирми и откуп на поголеми количини компир од македонски производители“, беше објавено на пуштањето во употреба на фабриката во 2016 година кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

Дали кадарот на СДСМ Павлески не знае дека веќе има прва фабрика за чипс или намерно заборавил на вистинската прва инвестиција во овој сектор засега од владата не објаснуваат.

Дооел СТИЗА е отворена на 9. јануари 2016. година со производна површина од 1.200 квадратни метри и располага со најсовремена опрема на врвно светско ниво.

“Она што е од особено значење е тоа што ова е прво македонско производство на чипс од свеж македонски компир”, пипува на веб страната на вистинската прва фабрика за чипс во Македонија.