Твитер вчера го отстрани високиот, силно светлечкиот знак „X“ од врвот на своето седиште во Сан Франциско, откако технолошката компанија се судри со градските власти поради контроверзниот знак кој предизвика протести кај жителите.



„X“, инсталиран на покривот на канцеларијата на компанијата во центарот на градот минатата недела, е дел од напорите на сопственикот Илон Маск да ја ребрендира социјалната мрежа.

Но, локалните жители се пожалија на силните блескави светла што ги вознемируваа ноќе.

Некои, исто така, изразија сомнеж во безбедноста, сугерирајќи дека знакот, над работ на зградата, не изгледал безбедно прикачен на покривот.

Градежниот инспекторат на Сан Франциско прими 24 поплаки за знакот, вклучително и загриженост за неговата „структурна безбедност и осветлување“.