Отсечена човечка глава е пронајдена вчера пред зградата на судот во западниот германски град Бон, дознава Ројтерс.



За „случајот“ јавиле случајни минувачи во раните вечерни часови и ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот.

Торзо за кое се претпоставува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, оддалечено околу еден километар.

Во близина е приведен еден осомничен, полицијата соопшти дека  станува збор за 38-годишен маж кој им е познат во врска со наркотици.

„Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници“, соопшти полицијата.