Авион со истакнатиот руски опозиционер, Алексеј Навални, кој е во кома по сомнение дека бил отруен, утрово го напуштил сибирскиот град Омск, објави неговата портпаролка.
Авионот полетал веднаш по 8 часот по локално време , по повеќе од 24 часа расправии за состојбата и третманот на Алексеј Навални, при што соработниците на Навални ги обвинија руските власти дека се обидуваат да ја запрат неговата евакуација.
Кира Јармиш, портпарол на Навални, рече дека политичарот бил пренесен со брза помош до аеродромот.

„Авионот со кој се наоѓа Алексеј лета за Берлин“, објави таа на Твитер.
„Многу благодарам на сите за нивната поддршка. Борбата за животот и здравјето на Алексеј е само почеток на долг пат, но барем е направен првиот чекор“.






