Отруен рускиот опозиционер Алексеј Навални!?

Алексеј Навални (44) најгласниот руски опозициски политичар и отворен противник на Владимир Путин е во бесознание и во критична состојба во болница откако наводно бил отруен, пишува „Гардијан“.



Неговиот портпарол Кира Јармиш тврди дека некој му турил отров во чај додека летал од Томск кон Москва. Авионот слетал итно во Омск, а Навални бил пренесен во болница, каде во моментот е на интензивна нега.

“Претпоставуваме дека Алексеј (Навални) бил отруен, од  нешто ставено во неговиот чај. Тоа беше единственото нешто што пиеше утрово. Лекарите велат дека отровот работел побрзо бидејќи пијалокот бил жежок. Алексеј во моментов е во несвест “, напиша Јармиш на Твитер.

Навални е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш,  јави Би-Би-Си.

Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како „пуч“ и „кршење на уставот“.

Реформите на Путин му овозможија да добие уште два мандата.