Отпорот на македонскиот народ против францускиот предлог за ДУИ е „анти-ЕУ насилство на назадните сили“!

„Демократската унија за интеграција остро го осудува антиевропското насилство на улиците во Скопје, поттикнато и реализирано од проруски елементи во нашата земја, кои се против ЕУ, НАТО, добрососедството, мирот, стабилноста и безбедноста.“ – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, кое го пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА со наслов „ДУИ: се гледа кој е за Европа и кој е против!“.

ДУИ тврди: „Последните случувања во земјата по предлогот на Советот на ЕУ за преговарачката рамка за с.Македонија ги разоткрија поделбите во општеството меѓу напредните сили во поддршка на Европската Унија и назадните сили против ЕУ.“

„Назадните сили во земјата, кои ги поддржуваат насилните протести, се обидуваат да го попречат европскиот процес, кој сега с.Македонија го привршува. За разлика од назадните сили, напредните сили во земјата, кои ги донесоа Охридскиот договор, Преспанскиот договор, членството на земјата во НАТО и автокефалноста, го затвораат со успех и прашањето со Република Бугарија, за да се обезбеди европската перспектива на нашата земја.“

„Европската унија, Вашингтон, Лондон, Париз, Рим, Берлин, Брисел и сите пријатели на нашата земја го поддржуваат овој предлог. ДУИ ги повикува граѓанското општество, академскиот свет, медиумите, аналитичарите, сите прогресисти во општеството, да му се придружат на европскиот дух и да се дистанцираат од антиевропското насилство, што се поттикнува, за да се создаде нестабилност.“