Отпадни материи исфрлени во заштитената зона на изворот Рашче

Во близина на селото Јегуновце кое е релативно близу до изворот Рашче од каде скопјани се снабдуваат со вода денеска бил забележан камион кој исфрла отпадни материи кои според очевидци можат да бидат опасни по здравјето на човекот.



Локацијата каде е фатен возачот со иницијали С.К. се наоѓа во првата и втора заштитена зона на изворот Рашче што значи дека овие отпадни материи можат да дојдат во контакт со водата која преку скопскиот водовод доаѓа до околу 500 илјади луѓе од пошироката скопска котлина.

Според извори на expres.mk возачот на камионот тврдел дека има дозвола за исфрлање на отпад од соодветна државна институција.

Случајот е пријавен до соодветни институции кои треба да утврдат дали некој намерно дозволил загадување на заштитената зона на изворот Рашче и ставил во опасност половина милион луѓе кои пијат вода од истиот извор.

МВР и министерството за животна средина засега молчат за случајот.