Откупната цена на пченицата 9 денари – земјоделците незадоволни

Првите цени што се нудат од мелничарите за откуп на килограм пченица од годинашнава жетва која веќе започна е 9 денари.



Новиот министер за земјоделство ја смирува ситуацијата и вети откупна цена и повеќе од 10 денари.

„Цената зависи од квалитетот на пченицата. Кога зборуваме за цена од нива, на таа цена се додаваат транспортните трошоци и данокот. Се покажува дека цената е подобра од минатата година.“, изјави вчера министерот Трајан Димковски.

Заради пониските приноси , земјоделците очекуваат фер откупни цени од најмалку 12 до 13 денари за килограм за пченицата.