Мала логичка анализа на твит на синот на екс министерот и амбасадор од СДСМ Ѓорѓи Спасов открива можност Петре Шилегов во својот мандат да бил дел од корупција при потпишување на договор и плаќање за новогодишно украсување на Скопје.
Синот на Ѓорѓи Спасов, Никола, кој ја води агенцијата Рејтинг која предвиде огромна победа на Шилегов на локалните избори, вели дека соодносот на корупција кога украсувањето е платено и кога е со донации е десет спрема еден.
Спасов реагира на објавата на градоначалничката Арсовска која обезбеди бесплатно украсување на Скопје за Нова Година.
“Има десет пати повеќе корупција во „бесплатно украсување“ отколку во украсување за 200.000 евра. Гарантирам”, пишува на Твитер Никола Спасов кој според законот и етиката веднаш треба да открие пред јавноста како ја правел корупцијата Шилегов кога плаќал 200 илјади евра.
Тоа според Спасов јуниор значи дека ако Шилегов правел корупција со 5 проценти од сумата што ја плаќал сега новата градоначалничка на Скопје прави корупција 10 пати повеќе или на ниво од 50 проценти.
Во исто време Спасов кој “гарантира” дека Арсовска прави корупција треба да открие како таа ја спроведува и колку пари чини таа за граѓаните.
Некои од коментарите на неговото твит од Спасов прашуваат зошто неговите информации за корупција за кои тој дава гаранции не ги сподели со јавното обвинителство.
Ако Арсовска прави корупција 10 пати поголема од Шилегов кој плаќал над 200 илјади евра за новогодишно китење на Скопје тогаш ќе биде интересно да се чуе колку е десетината од парите кои биле дел од корупцијата што ја правел екс градоначалникот на метрополата.
Дури и десет пати помалку корупција значи дека тие што како Шилегов плаќале 200 илјади евра правеле некаква корупција за што Спасов ,,гарантира”. Медиумите и граѓаните со нетрпение ги чекаат деталите од гаранцијата на Спасов.
Има десет пати повеќе корупција во „бесплатно украсување“ отколку во украсување за 200.000 евра. Гарантирам.
— Билгејцови (@NikolasTweet) December 4, 2021






