„Има неколку сервисни патишта за некои населби или десетина куќи од левата и десната страна на патот кои не биле третирани со проектот и тие излегувале директно на регионалниот пат, сега со автопат тоа не е возможно“ изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кој рече дека автопатот Миладиновци-Штип ќе биде пуштен во употреба кога ќе се завршат уште неколку сервисни патишта, пренесува +Инфо.



„По увидот, видовме дека треба да се довршат тие сервисни патишта, бидејки и тие луѓе некако треба да комуницираат со Свети Николе или останатите населени места и затоа донесовме одлука заради безбедност, да се довршат тие сервисни патишта кои не се дел од главниот проект, туку се надвор од автопатот“ вели Китанов.